ДПА со критики кон Мерко
Од ДПА Струга со сериозни обвинувања за работата на советниците и градоначалникот Рамиз Мерко . Првиот човек на Струшкиот огранок на ДПА, Зиадин Села вели дека на совет се носат многу одлуки по диктат на локални моќници. Од локaлната самоуправа ги дементираат овие обвинувања и велат дека сите одлуки се донесени соодветно законските прописи.
Зијадин Села
„Помина една година од кога вие го реизбравте за градоначалник Рамиз Мерко. Многумина од вас можеби и очекуваа градоначалникот по повод едногодишнината од неговото реизбирање во градоначалничката фотеља, да излезе со извештај за неговата работа, но тоа за жал не се случи. А и за што да ви дава отчет?“ прашуваат од огранокот на ДПА од Струга. Првиот човек на оваа партија Зиадин Села, уште обвинува дека од инвестициите за албанските населени места , кои ги ветуваше градоначалникот нема ништо. Наместо да се инвестира онаму каде што е повеќе од неопходно, парите се трошат за инвестиции во Збажди.
Секретарот на општина Струга, Зоран Гулицоски негира дека локaлната одвојува пари за Збажди. Тој вели дека проектот кој во монтов таму се изведува е комплетно финансиран од фондот за води.
Во продолжение на прес конференцијата Села обвини дека градоначалникот Мерко, заедно со неговиот секретар Гулицоски и директорот на ЈП Комунално, донеле одлука за израдба на локали кај градскиот пазар, без воопшто да размислуваат за тоа дека таа одлука тука ќе избрка стотици граѓани.
На крајот од своето обраќање Села рече дека советот на оштина Струга е претворен во гласачка машина која што носи одлуки во интерес само на бизнис групации. На крајот од своето обраќање претседателот на струшкиот огранок на ДПА уште додаде дека градоначалникот на Струга граѓаните постојано ги држи во информативен мрак. Доказ за ова, рече , е и фактот дека на седниците на Советот, новинарите никогаш не се поканети.
{loadposition content9}