Skip to main content

ДПА од Струга алармира

Струшкиот огранок на ДПА реагира во врска со гетоизацијата на албанското образование во Струга.

 |  Николовска Биљана  | 
лого
logo
Струшкиот огранок на ДПА реагира во врска со гетоизацијата на албанското образование во Струга. Планот за „спасување на Струга“ се претвори во план за спас на Струга од албанската младина обвини денеска председателот на ДПА Зијадин Села.

Zijain ZelaПроблемите во средношколскиот систем во Струга повторно тема на прес конференцијата на огранокот на ДПА. Градоначалникот на Струга Рамиз Мерко за се има еден одговор, обвинуваат од ДПА. Претседателот на политичкиот огранок на оваа партија Зијадин Села, изјави дека ќе оди до крај во расветлување на мрачниот проект Влада-Градоначалник. Од таму велат нема да му дозволат на градоначалникот Мерко да одлучува за она што во моментов излегува на површина, да ја спаси Струга од албанската младина.
Нема да играме како што ќе свири градоначалникот Мерко категоричен е Села. Тој додава, дека нема да дозволат се да остане само на дискусија, туку ќе превземат конкретни мерки за да застанат на патот на самоволието на Мерко.
Граѓаните на Струга мора да се свесни дека состојбата во средношколскиот систем во Струга е темпирана бомба вели Села. Тој додава дека ДПА како политички субјект должен е да алармира за состојбата.
Останува нејасно како државата експресно обезбеди средства за изградба на ново училиште во Велешта, а во Татеши има училиште кое нема ни вода за пиење. Зошто таму не се насочат средствата, туку се оди на веќе однапред утврдено сценарио прашуваат од ДПА Струга.

{loadposition content9}