Skip to main content

Дримскиот дијалог во нова фаза

На 2-ри ноември годинава од Охрид отпочнуваат првите консултации за решавање на еден комплексен воден систем, од што целиот регион ќе има корист.

 |  Билјана Николовска  | 
Dejan Panoski
Дејан Паноски
ohridsko ezeroТригодишната иницијатива, која се состоеше во борба на лобирање, пишување и работа, конечно се исплати. Од Билатералниот Секретаријат на Охридското Езеро Дејан Паноски ги најави првите официјални национални консултации за Дримскиот Дијалог проект од кој 5 земји во регионот треба да излезат со заедничка визија за управување со овој басен. Охрид на 2 ноември годинава ќе биде домаќин на големиот и значаен настан за регионот, рече Паноски. Додаде дека поради извориштето на реката Дримнашиот град добил приоритет.
Целта на Дримскиот дијалог е регулација и надминување на проблемите кои години наназат Дримскиот басен ги бележи како негатива вели Паноски. Тој додава дека со новата фаза точно ќе бидат одредени ингеренциите на локално и централно ниво како секој би имал своја одговорност во својот дел.
Паноски е убеден дека нашата земја има доволно стручен кадар кој ќе се ангажира околу овој проект, кој отвара голема работа за сите.
Искуствата и успесите на Проектот за Охридско Езеро, проектот за Преспа кој е во тек и проектот за Скадар ќе бидат носители на целата активност, вели Паноски. Тој потенцира дека овој проект е за општо добро како на општините, така за државата и регионот. Првите национални консултации за Дримскиот проект ќе се одржат во Охрид и ко-организатор заедно со UNECE , MIO ECSDE  и GWP Medditeranian ,се јавува и Билатералниот Секретаријат за Охридско Езеро .  Дримскиот дијалог е фаза во која сите релевантни институции на државно , локално , научно и невладино ниво ќе треба да се обединат во поставувањето на целите како  да се обезбеди квалитетно управување со целиот речен басен вклучувајќи ги езерата.

{loadposition content9}