Skip to main content

Дрвокрадци

Дрвокрадците ги соголуваат шумите на Jабланица

 Трговијата  со дрва на „црно” посебно  актуелна пред стартот на грејната сезона. Мештаните велат планината јабланица  немилосрдно се пустошоши и од дрвокрадците и од концесионерите, кои сечат без дозвола, за што реагирале до сите надлежни институции. Еколозите велат дрвокрадството ќе се намали кога ќе има поголема заштита, односно   прогласување на Јабланица за национален парк, процес кој се одолговлекува речиси 15 години.
 |  инфодеск  | 
Дрвокрадци

Дрвокрадците   ги соголуваат шумите на Јабланица. Нелегалната сеча и трговијата  со дрва на „црно” е особено актуелна пред стартот на грејната сезона. Полицијата  пред неколку денови кај месноста „Стрижак” затекна дрвокрадци од Албанија и струшко Велешта, одзеде поголема дрвена маса и возила.

Мештаните велат планината немилосрдно се пустошоши и од дрвокрадците и од концесионерите, кои сечат без дозвола, за што реагирале до сите надлежни институции.

„Од министерството за екологија добивме информација дека сеча во атарот на село Вишни до 2028 година не треба да има затоа што концесионерите немаат шумско стопанска дозвола за сеча на дрва”, вели Цветозар Ристески претседател на МЗ село Вишни.

Јабланица

Еколозите велат дрвокрадството ќе се намали кога ќе има поголем заштита, односно   прогласување на Јабланица за национален парк, процес кој се одолговлекува речиси 15 години.

„Покрај политичката поддршка се разбира овој процес кој вклучува научно истражување, јавни работлиници, вклучување на месносто население, анкетирање бара и финансиски средства, за жал тие средства не се добиени од страна на државата”, вели Јован Секулоски од Иницијативниот одбор за прогласување на Јабланица за Национален парк.

Јабланица од албанска страна е прогласена за национален парк , во 2019 година иницијативата ја поддржа и македонската влада, а ветија и буџетски средства за завршување на овој процес.

 Активистите од подјабланичките села постојано алармираат за соголувањето на шумите  на Јабланица.  Велат пустошењето на шумите ќе предизвика поплави и свлечишта.

Новинар Соња Рилковска