Skip to main content

Државата бара закупци за плажи

Државата бара закупци за 18 плажи на Дојранското Езеро и за 12 на Охридското.

 |   | 
Dojransko ezero
Дојранско езеро

ezero

Министерството за транспорт и врски денеска распиша конкурс за јавно наддавање за давање под краткотраен закуп на 18 плажи на Дојранското Езеро и на 12 на Охридското Езеро, и тоа во општина Струга. Почетната цена на јавното наддавање за плажите во Дојран по метар квадратен е денар, а за тие во Струга 55 денари, пресметани како годишна закупнина. Рокот за доставување на пријавите за учество на јавните наддавање трае до 3-ти наредниот месец. Наддавањата за плажите за двете езерага  ќе се оддржат на 19-ти и на 20-ти мај во просториите ан Министерството за транспорт и врски.
Ова е втор обид за издавање под закуп на струшките плажи. Првиот обид пропадна откако најдобриот понудувач на првиот тендер не ја уплати излицитираната сума од близу 2 милиони евра. Тогаш, почетната сума од 55 денари достигна нереална вредност од 130 евра, односно 8.000 денари по метар квадратен.
{loadposition content9}