Skip to main content

Одржано државно првенство на угостителско-туристичките училишта

Охрид домаќин на државно првенство на угостителско – туристичките училишта. Организатор на овој настан  е општинското средно угостителско училиште „Ванчо Питошески“. Оттаму се задоволни од одзивот и поддршката која ја добија.

 |  Наташа Размоска  | 
natprevar
натпревар

За прв пат во Охрид, организиран државен натпревар на угостителско – туристичките училишта. Идејата и организацијата на овој настан е наша, вели директорот на овој училишен центар Секула Баткоски. Претставници од седум градови од Република Македонија зедоа учество. Покрај од нашиот град, своите кулинарски вештини ги претставија и учениците од Скопје, Тетово, Крушево, Гевгелија, Штип и Македонски Брод.  Се натпреваруваа готвачи, келнери, бармени и фламбери. Интересно е тоа што натпреварувачите имаа подготвено и своја презентација за градот од кој доаѓаат.

natprevar

Директорот Баткоски е презадоволен од одзивот и на учесниците и на поддршката што ја добија. Локалната самоуправа и градоначалникот Петрески од почеток го поддржаа овој настан, вели Баткоски. Исто така, голема поддршка добивме и од факултетот за туризам и организациони науки кои ни излегоа во пресрет во делот за оценување на учесниците, додава директорот. Со организирањето на вакви натпревари и ние допринесуваме за промоција на туризмот.

natprevarГолема пофалба за идејата од страна на сите учесници на денешниот натпревар. Сите се едногласни дека вакви настани треба да има почесто. На ваков начин се промовира традицијата и се споделуваат знаењата.

Најважно е да се учествува и да се разменуваат искуствата и знаењата. Наградите за најдобрите ќе се симболични, но се надеваме дека вакви настани ќе има уште многу во иднина вели Баткоски.

 



 {loadposition content9}