ДУИ синоќа од Струга ја започна промотивната кампања
Во освојувње на гласачите, партијата тргна со слоганот –„Ние си стоиме на зборот“.
лого
Демократската унија за интеграција, од Струга ја започна промотивната кампања за локалните и претседателските избори. Синоќа, митингот на ДУИ го исполни плоштадот „Мајка Тереза“ во центарот на градот.
„Ние си стоиме на збор“-овој е слоганот на ДУИ со кој, како што рекоа, за претстојните избори тргнаа во освојување на гласови на граѓаните. „ДУИ го остварува ветеното, тоа сме го докажале веќе неколку пати а ќе биде пракса и во иднина… токму за тоа се одлучивме за овој слоган“ беше истакнато на синоќешниот митинг. Заложбите на идниот претседателот на државата од оваа партија ке бидат во интерес на сите граѓани, истакнаа на митингот.
„Ќе се трудам за што побрза визна либерализација, со цел што полесно граѓаните, а посебно младите, да патуваат во странство и да можат да ја почувствуваат Европа. Целта ни е да ги решиме актуелните проблеми во државата. Ќе направиме се за побрзо мултиетничка Македонија да влезе во НАТО и ЕУ. Ќе ги решаваме проблемите со Грција и заедно со Косово и другите држави да бидеме таму каде што припаѓаме“, изјави Агрон Буџаку.
Пред присутните на синоќешниот митинг се обрати и кандидатот за градоначалник на Струга, Рамиз Мерко. Тој јавно ги потенцира достигнувањата во неговиот мандат. Рече дека интервенирал во сите области – инфраструктурата, туризмот, образванието, културата. Направил многу повеќе одколку претходните градоначалници. Истакна дека неговите заложби во иднина ќе се насочени кон тоа Струга да стане светска туристичка метропола.
„Го исплативме долгот на општина Струга. Кога дојдов јас на оваа функција општината должеше 3 милиони евра; го исплативме долгот и буџетот го надополнив со уште 12 илјади евра – од инвестиции и средства собрани од граѓаните на Струга“ -истакна Рамиз Мерко.
На синоќешниот митинг, пред членовите и симпатизерите на ДУИ беа презентирани и кандидатите за советници во струшкиот совет.

{loadposition content9}