Skip to main content

Два часа интензивно се гаснеше пожарот во струшкиот Безистен

Голем пожар во безистенот во центарот на  Струга. Огнот избувна во едно кафуле на последниот кат, но  се прошири кон покривот и  соседните деловни простории.
 |  инфодеск  | 

Се запали безистенот во  струшката чаршија.  Претпладнево огнот  избувна во едно од кафулињата на последниот кат во објектот. Огнените јазици се проширија кон покривот, а чадот и кон соседните дуќани.

Вработените и посетителите на безистенот, кој дејствува како трговски центар со голем број дуќани и угостителски објекти,  преплашени веднаш го напуштија објектот.  Нема повредени, причинета е само материјална штета.

На терен интервенираше противпожарната единица со три возила и единаесет пожарникари. После два часа интензивно гаснење се спречи проширување на огнот кон останатите дуќани.

-Пожарот е пријавен во 09:30 екипата противпожарна одма се излезе. Стигнавме на лице место на време бидејки можеше да се прошири голем пожар да стане можеше да се прошири и во другите објекти го спречивме пожарот  , вели Фети Мазари конадир на ТППЕ Струга.

Стружани вознемирени од пожарот во стариот трговски сред чаршијата,

-Дојде пожарната двете дојдоа пожарни изгаснаа тоа што можеа. Нема што друго да гори горе, да беше долу ќе беше пострашно.

-Објектот е добар, беше добар, сега така е останат треба да се реновира, сега кој го купил како се продава не знаеме што се прави.

-Не е чистено сто посто, не е чистено затоа вака.

Причините за пожарот  дополнително ќе се испитуваат, првично се претпоставува дека се работи за неисправна електрична инсталација.

Новинар Соња Рилковска