Skip to main content

Првата мамографија во Југозападен регион направена во Здравствен дом Вевчани

Две децении мамографија во Здравствен дом во Вевчани

Зголемен бројот на заболени од карционом на дојка во Југозападниот регион во земјава. Најмладата пациентка со дијагностициран  рак на дојка има само 27 години, а најстарата 84 години. Ова се дел од  податоците од Здравствениот дом Вевчани, каде точно пред 20 години е направена првата мамографија во Југозападниот регион.
 |  инфодеск  | 
Д-р Даскалоски Здравствен дом Вевчани

Расте бројот на откриени карциноми на дојка во Југозападниот регион во земјава. Загрижува тоа што се намалува и старосната граница, болеста се појавува кај се помладата популација.  Најмладата пациентка со дијагностициран  рак на дојка има само 27 години, а најстарата 84 години.  Само од јануари до јули годинава откриени се карциономи на дојка кај пет жени во возрасната група од 30 до 40 години.

Ова се податоците од Здравствениот дом Вевчани, каде точно пред 20 години е направена првата мамографија во Југозападниот регион во земјава.

„Се зголемува бројката за жал на заболени од карцином на дојка. Пврите почетоци можеби имавме некоја старосна граница 55-60 години, како што одминуваа годините за жал таа граница се намалува. Сега имаме карциноми кај жени на возраст од 30 до 40 години”, вели д-р Жарко Даскалоски специјалист по радиодијагностика од Здравствен дом Вевчани.

За подобрување на услугите во Здравствениот дом во Вевчани  потребна е набавка на нов мамограф и ехо апарат, бидејќи апаратурата е иста и се користи веќе две децении.

„Нашите апарати кога почнавме беа нови, значи ехо апаратот и мамографот, ние ги одржуваме но со тек на време но потребни ни се нови апарати. Услугата, квалитетот и работата на мојата екипа е на завидно ниво, но сепак апаратурата мамографот и ехо апаратот треба да се донесат нови”, додава д-р Даскалоски.

Првата година имало само 500 пациенти за денес годишно да се прават по 1 500 мамографии, дополнително по 2000 / 3000 ехо прегледи. Во изминативе две децении на одделот за радиологија поминале околу 50 илјади пациенти, а отркиени се над илјада  карциноми.

Според лекарите редовните прегледи се најдобрата првентива, откривањето на болеста во почетен стадиум е основниот предуслов за успешно лекување.

Новинар Соња Рилковска