Две години од големата трегедија
Утрово на споменикот „Скалила“, поставен пред една година на струшката плажа Галеб, на местото на немилиот настан, беше положено свежо цвеќе.
споменик пливалиште
Скулптурата претставува спомен за минатото и чест кон починатите, а воедно и порака за иднината.
На трите плочи каскадно распоредени во вид на буквата „И“, со акростих на Венко Андоноски испишани се трите плочи така што секој стих започнува со почетната буква од имињата на настраданите.
И денес после две години од трагичниот настан тешко може да се смири болката од загубата на тројцата другари, познати во струшката јавност, кои зад себе оставија белег како добри луѓе кои стружани сеуште ги паметат и спомнуваат.
{loadposition content9}