Две кучиња питбул повредиле стружанец
Поради сторен прекршок по законот за прекршоци против јавниот ред и мир, полициската станица од Струга поднесе барање за поведување прекршочна постапка против В.Ч.(37) од струшкото село Мислешево.
Поради сторен прекршок по законот за прекршоци против јавниот ред и мир, полициската станица од Струга поднесе барање за поведување прекршочна постапка против В.Ч.(37) од струшкото село Мислешево.
Пријавата е поднесена поради постоење основи на сомнение дека В.Ч. без заштитни средства (маска и слично), без надзор и невнимателно држи кучиња и други опасни животни кои можат друг да престрашат, нападнат или да повредат.
На 20-ти март годинава, две кучиња од расата „Питбул“, сопственост на пријавениот, го нападнале и сериозно го повредиле А.Ф. (34) од селото Мислешево. Настанот се случил во 17 часот и 30 минути на улицата „Едвард Кардељ“ во селото. Кучињата „Питбул“ биле без заштитна маска а нивниот сопственик, сега пријавениот В.Ч. ги чувал крајно невнимателно, без заштитна маска и без неопходен надзор.
А.Ф. движејќи се по улицата, одеднаш бил нападнат од двете кучиња кои со видлива агресивност се нафрлиле врз него. Кучињата го каснале во пределот на стомакот и му нанеле сериозни повреди по телото.
Повредениот и исплашен А.Ф. веднаш бил префрлен во Општата болница во Струга.