Јавен превоз на патници
Две лица управувале такси возила без лиценца
Едно лице од Струга и едно од с. Радолишта, управувале такси возило за јавен превоз на патници, но не поседувале соодветна лиценца.
На 20.05.2022 година, при извршени контроли, полициските службеници од одделението за економски криминалитет при СВР Охрид, ги затекнаа Н.П.(32) од Струга и З.М.(46) од струшкото село Радолишта, при управување такси моторни возила со кој вршат јавен превоз на патници во внатрешниот сообраќај.
Притоа констатирале дека тие не поседуваат важечка лиценца за таа дејност, издадена од надлежен државен орган. Против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави – информираат од СВР Охрид.


