Две нови манифестации во Струга, во пресрет на Новогодишните и Божиќните празници, за кои организаторите се надеваат дека ќе станат традиционални.
Во организација на угостителските објекти Кочва Маала, Винска куќа, Дуќан и жителите на ул.Гоце Делчев од Струга, во пресрет на новогодишните и божиќните празници, од годинава, во Струга ќе се реализираат два настани, за кои организаторите се надеваат дека ќе станат традиционални. Целта е да им се помогне на лицата со посебни потреби, а годинава тоа ќе бидат слепите лица, кало и за повторно економско и културно издигнување на ул.Гоце Делчев, која го носи епитетот Струшка Скадарлија.
Првата манифестација ќе се одржи во сабота 30ти декември со почеток во 12часот и ќе има хуманитарен карактер. Предвидени се многу подароци за дечињата од хумани спонзори, а за забавата ќе се погрижи ДЏ.
Втората манифестација Фестивал на виното ќе се одржи на 12ти јануари во 12 часот, во пресрет на Стара Нова Година, ќе се слави виното, љубовта и новиот почеток. Ќе учествуваат десетици реномирани винарии од Македонија и странство. А, покрај доброто вино и вкусната храна, ќе има и богата музичка програма, информираат организаторите. И двете манифестации се поддржани од Општина Струга.