Skip to main content

Две сообраќајни незгоди во Струга

Две сообраќајни незгоди во струшко, едната на регионалниот патен правец Струга -Дебар пред црквата Св Петка во Враништа, а другата на раскрсницата во Мислешево.

 |  Николоска Биљана  | 
soobrakajka
сообракајка

soobrakajkaДве незгоди во Струга. За нецел саат екипата на телевизија ТВМ на пат при враќање од Вевчани, се најде на лице место на две сообраќајни незгоди. Едната на регионалниот пат Струга – Дебар, во Враништа веднаш пред самата црква Св Петка, другата пак на раскрсницата во село Мислешево, во која за среќе немаше повредени само е причинета мала материјална штета.

Во незгодата која се случи во Враништа повредени се две лица, кои се префрлени во Општа болница Струга, каде им била укажана соодветна помош а потоа еден од нив поради сериозноста на повредите е префрлен во Специјалната болница „Св Еразмо“. Според СВР Охрид до несреќата дошло кога џип марка Фолсфаген Туран со струшки регистерски таблички неправилно претекнувал возило пред него и директно удрило во моторцикл со италијански патни ознаки. Повредените биле дел о дгрупата моторциклисти кои се движеле на регионалниот пат Струга-Дебар во правец кон Струга.

{loadposition content9}