На 29-ти јуни во ОВР Струга пријавено е дека на брегот на Охридското езеро кај струшкото село Калишта, пронајдени се две стари гранати.
Увид и обезбедување на местото извршија полициски екипи, а подигнувањето на гранатите, денеска ќе го изврши претставник на Дирекцијата за заштита и спасување – информираат од СВР Охрид.