Skip to main content

Изречени две судски пресуди за градоначалникот Рамиз Мерко

Условна казна во времетраење од една година доколку делото не го повтори вo рок од две години заработи струшкиот градоначалник Рамиз Мерко за незаконско назначување директор во училиштето во Велешта. Денес судот на Мерко му изрече и втора парична казна за школото Браќа Миладиновци.
 |  инфодеск  | 

Условна казна во времетраење од една година  за незаконско назначување на директор во училиштето во Велешта, и парична казна во износ од 2500 евра за школото Браќа Миладиновци.

Условна казна добија и двајцвата вработени во училиштето во Велешта за фалсификување на исправа.

Иако се земе предвид дека делата да се сторени со поврзени дејствија под исти околности, одлучив на сите да им биде изречена иста санкција, и тоа санкцијата, овој пат со оглед на олеснителните околности, ке биде условна осуда, така што им се утврдува казна за траење од една година, која што нема да се изврши доколку во рокот две години по правосилноста не сторат ново кривично дел, рече судијата Јован Јорданов.

Обвинителот незадоволен, најави дека ќе поднесе жалба.

Јас не очекував парично, но за првиот предмет требаше да биде осуден условно, за другиот предмет требаше да биде ефективно, заедно и со кривчни дела треба да се осуди парично, а за другиот предмет треба да биде осуден условно, вели обвинителот  Џемал Лога.

Против струшкиот градоначалник Мерко има вкупно десет  обвиненија за несовесно работење во службата. Во јуни годинава беше изречена  првата обвинителна пресуда, за Мерко, парична казна од 10 000 евра  за незаконското поставување на директори во три училишта во селата Лабуништа,
Радолишта и Подгорци.

Новинар: Соња Рилковска