Skip to main content

Двоен аршин за сличен локалитет

Минималната афирмација на локалитетот „Врбник“ пресудна за имиџот на ова „Наколно живеалиште“.

 |  Колоска Билјана  | 
flaer
флаер

Минималната афирмација на локалитетот „Врбник“ пресудна за имиџот на ова „Наколно живеалиште“.

Немаше пари за истражувања на ова пронаоѓалиште,  затоа вредните предмети останаа на дното од езерото, вели дректорот на струшкиот музеј.

nurkacНаколното живеалиште „Врбник“ запоставено. На стушкиот локалитет веќе 5-та година не се превземаат никакви активности. Локалитетот е делумно истражуван во 1998, 2001 и 2003 година. Од тогаш до денес на „Врбник“ не е продолжено истражувањето.
Вредните предмети останаа под вода, нема финансиски средства да се превземаат било какви активности на ова место, вели директорот на музејот „Никола Незлобински“.

„И покрај нашите желби не успеавме да добиеме средства за иведување активности на локалитетот „Врбник“.  Министерството за Култура досега немаше слух за да ни излезе во пресрет“, вели директорот Сашо Цветкоски.

Со неколкуте активности за работење на подводниот локалитет, се потврди вредноста на „Врбник“. Под водите на Охридското езеро на ова место, може да се најдат фрагменти и цели керамички садови со различни форми и димензии и од различни периоди.
Реално, овој локалитет е околу 6 пати пообемен од „Мичов град“ но за жал досега изтражени се  само 6 % од површината.  
„Наколното живеалиште е многу вредно но минималната промоција на истот не го прави популарно колку останатите вакви пронаоѓалишта“- вели директорот.

Со цел поголема промоција на локалитетот „Врбник“ струшкиот музеј изработи брошуру со фотографии од наколното живеалишт и информации за истото. Промотивните материјали се презентираа во рамки на „Европски денови на културното наследство“. Каталогот  ќе биде презентиран и на генералната конференција на UNESKO во Задар.
„Со поголема афирмација на наколното живеалиште се надеваме дека ќе побудиме голем интерес кај странските археолози но и кај ресорното министерство за да ни обезбеди средства за истражување на истото, истакна Цветкоски.

Од Заводот за заштита на културното наследтво се правдаат дека „Врбник“ не е доволно афирмиран бидејќи досега надлежните не побарале вакво нешто, единствено актулениот директор. Паско Кузман, првиот човек на Заводот, вели дека во Охрид беше полесно да се инвестира бидејќи наколното живеалиште е сконцентрирано на едно место, а не како во Струга каде археолошкиот локалитет е распространет. Кузман вети дека допрва следуваат инвестиции за пронаоѓалиштата во Струга.

{loadposition content9}