Skip to main content

Џамијата во Горна Белица, не може да се легализира

„Подобро да не ги отвараме картите. Религијата нека остане света и до крај да ја почитуваме. Во спротивно, можат сериозно да се затегнат конците на религиско поле“. Ова е пораката на градоначалнкот на Струга Рамиз Мерко, за предметот на дивоизградената џамија во Горна Белица.

 |  Билјана Николовска  | 
dzamija
џамија
„Подобро да не ги отвараме картите. Религијата нека остане света и до крај да ја почитуваме. Во спротивно, можат сериозно да се затегнат конците на религиско поле“. Ова е пораката на градоначалнкот на Струга Рамиз Мерко, за предметот на дивоизградената џамија во Горна Белица. Но, ова е спротивно од она што беше кажано во неодамнешната изјава на Министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески. Тој децидно кажа што се може да се легализира, а во тој дел воопшто не мислеше и на џамијата во Горна Белица.
“Можам да ви кажам дека џамијата во Горна Белица нема да подлежи на новиот Закон за легализирање на дивоградбите кој треба да биде донесе”.
Мерко не сака ниту да слушне за рушење на верскиот објект, џамијата во Горна Белица. За него тоа е завршен предмет, иако општинските градежни инспектори при Локалната самоуправа во Струга знаеле за решението од Државниот градежен инспекторат за прекин на изградбата на спорната џамија во селото Горна Белица.
„Испекторите во континуитет беа заинтересирани и излегуваа на лице место, но со документот кој е издаден од месната заедница и со договорот кој постои помеѓу Месната заедница и ИВЗ таа градба е легална и за тоа не треба да разговараме. Ако ги отвориме картите што е изградено бесправно тогаш… Не сум против ниту една вера, а јас сум тој што сум спонзорирал градби без одобрение за градба и на црква и на сè друго”, рече Рамиз Мерко градоначалник на Струга“.
Познато е дека за подигањето на џамијата, државата засега  кривично гони двајца стружани Колоња Берат и Ислами Менсур кои имаат поднесено тужби на ваквата одлука. Во моментов се чека  решение од Апелациониот суд во Битола.  Дали ќе има епилог со бесправно изградената џамија во Горна Белица, според ресорниот министер Јанкиески и каков ќе биде тој, останува да видиме.


{loadposition content9}