Skip to main content

Џудо клуб Дрим Струга

Џудо за сите нова инклузивна програма

Новиот проект за спортска инклузија на лицата со интелектуална попреченост во охридско-струшкиот регион. Проектот започнува со примена од септември во соработка со џудо клубови од Србија и Романија.
 |  инфодеск  |  ,
Џудо за сите

„Инклузија на лица со интелектуална попреченост во џудо и пристапно џудо за сите“ е насловот на меѓународната програма која од септември ќе започне да се применува во охридско-струшкиот регион.Оваа тренинг програма е дел од поширок проект кој опфаќа џудо клубови од Србија и Романија. Истиот е поддржан од Европската Унија.

Со взаемна соработка со Порака Нова која работи со лица со интелектуална попреченост дојдовме до идеја да истите ги вклучлиме во џудо спорт. Преку тренинзи и програмата која што ја направивме ќе може да се примени и да ги вклопиме во општеството за да ја зголемат својата физичка и моторичка способност.“, вели Марин Билјаноски, тренер во Џудо клуб-Дрим Струга.

Зглемување на вклученоста на млади лица со интелектуална попреченост во спортот, градење капацитети за вклучените организации, подобрување на прекугранична соработка преку размена на знаење, практики и искуства за мобилност се целите на проектот. Исто така, со воведување иновативни методи и практики за џудо и подигање свест за важност на инклузивниот спорт и борба против секоја форма на дискриминација се придобивките со кои ќе се стекнат учесниците. Тренинзите ќе ги одржуваат тројца тренери од Џудо клуб Дрим.

Ќе се одвива два пати неделно по еден час во зависност од програмата, тренизните, техниките и сите елементи што се потребни за лицата, каде што ќе ги образложиме и ќе ги направиме да бидат полесни, поинтересни за преку игра да сфатат што во суштина е џудото и да одиме понатака кон поголеми размери и цели.“, објанува Билјаноски.

Во рамки на програмата ќе се креира прирачник за инклузивно џудо, а предвидени се 3 национални натпревари и по еден интернационален камп и натпревар.

Задоволен од одзивот на пријавени кандидати Билјаноски вели дека официјалниот рок за пријавување истекол на 25 август, но дека се уште има простор за заинтересирани ентузијасти.