Skip to main content

Петседател на советот на општина Струга е Џеваир Беќири

Челник на струшкиот совет да е  е македонец,  па макар и од редовите на Вмро Дпмне.

 

 |  Билјана Колоска  | 
Dzevair Bekiri
Џеваир Бекири
 Со ваков став настапија струшките социјал демократи на денешната седница, на која се избираше претседател на совет. Илија Мацески од СДСМ пред своите колеги го предложи Момчило Аврамоски, носителот на советничката листа на ВМРО ДПМНЕ. Како што ТВМ веќе информираше, ВМРО ДПМНЕ деновиве интензивно преговараше со ДУИ, за да го подржат нивниот кандидат, Џеваир Беќири. Токму поради добрите согласувања Мацески е убеден дека советничката група на ДУИ не би имала против неговиот преглог, Аврамоски да биде претседател на совет.

sednica na sovetПо овој предлог, Вмровците шокирани. Побараа пауза од 5 минути за да се координираат меѓусебно, за потоа Аврамоски да образложи дека неговите обврски не дозволуваат да ја врши функцијата претседател на советот.
И покраj напорите на СДСМ да стават челник на советот македонец, сепак мнозинството советници го изгласаа единствениот предлог на кандидационата комисија. Со 17 гласови ЗА, 6 против и 4 воздржани Џеваир Беќири ја зеде во свои раце претседателската функција на струшкиот совет.

 


{loadposition content9}