Skip to main content

За еден месец украдени 42 икони

„Сигурно станува збор за организиран криминал, и луѓе кои точно знаат која икона кава вредност има“ вели Гоце Жура историчар на уметност од завод и музеј Охрид.

 |  Татјана Маленкова  | 
Ikoni
Икони
„Сигурно станува збор за организиран криминал, и луѓе кои точно знаат која икона кава вредност има“ вели Гоце Жура историчар на уметност од завод и музеј Охрид.

Дваесетина години од црквите во Охрид и Охридско не беше украдена ни една икона. Последната кражба, на која граѓаните се сеќаваат е онаа во црквата Св Наум кој се случи во 1985 год, вели Гоце Ангеличин – Жура, историчар на уметност од заводот за заштита на спомениците на кутурата.

„Интензивните кражби кои што се случија во Струшко, ме запрепастија, додава Жура. Не бев повикан на увидот, но за толку кратко време да бидат украдени толку вредни икони, а да нема трага, навистина е желосно, додава Жура кој долго време вршел увид на црквите во регионов , за кои од 1980 до 1996 год. водел уредна документација.

„ Тоа се сигурно луѓе кои точно знаат кои икони да ги земат. Јас знам какви икони има таму  и мора да нагласиме дека најпробламатично е тоа што се земаат  иконите од 18 и 19 век. Тоа е она време на преродбата на македонскиот народ. По укинување на охридската архиепископија 1767 год,од  средина на 18 век. Мора да нагласиме дека тогаш се разнебитисува Македонија. Овие икони се доказ за македонското постоење“,вели Жура.   

„Како експерти сме откриле дека во црквите од Врбјани до Љубаништа, иконите се пишувани на стрословенски јазик, иако архиереите зборувале на старогрчки“, вели Жура.

„И состанокот кој што се одржа во Струга, на кој присуствуваа претставници на Охридската Епархија, Црковните одбори од струшкото архиерејско намесништво и претставници од ОВР Струга, не е ништо ново.  Напори за санација и заштита на црковните објекти беа направени во 1990 год. Дваесетина години немаше кражба во ниту една црква во Охридско Струшкиот регион. Ова што во моментов се случува мора да се спречи“, вели Жура.

{loadposition content9}