Skip to main content

Со еден удар, излез од два проблеми

Актуелниот Министер за ЖСПП Неџати Јакупи најави добар период за комуналните јавни претпријатија на југозападниот плански регион.

 |  Билјана Николовска  | 
Jakupi
Јакупи

deponijaМинистерот за животна средина и просторно планирање Неџати Јакупи на состанок во Струга. Првата недела на месец мај годинава, се очекува објава на тендер за издавање под концесија на регионалната депонија. Министерот, имаше можност да ги слушне актуелните проблеми од комуналната сфера на југозападниот плански регион и најави надминување на тешка состојба со која се соочуваат сите јавни комунални претпријатија на овој дел.
Странските инвеститори наголемо веќе тропаат на нашите врати за учество со инвестиција за проекти од ваков тип, потенцира Јакупи. Тој додаде дека нивните можности за вложување во нашата земја за проекти од комуналната свера, се многу едноставни.
Градоначалникот на општина Струга, Рамиз Мерко, изјави дека „има индикации за надминување на овој горлив проблем само сепак времето ќе покаже. Не е малку не е многу и тоа да се види“, додава тој.
Што се однесува на местоположбата за регионалната депонија Јакупи рече дека сите досегашни локации и опции за регионална депонија на југозападниот регион се сеуште отворени.Тој додаде дека компаниите кои досега одлагаа смет на веќе познатите депонии, треба да направат дизајн и понуда за локацијата, со што најдобрата понуда ќе биде селектирана, а со тоа Министерството за ЖСПП финансиски ќе помогне во уредување на тоа место.


{loadposition content9}