Skip to main content

Меѓународна ликовна колонија

Единаесетто издание на Вевчански видувања

На Колонијата учество ќе земат над 20 афирмирани сликари од Република Македонија, од балканските држави, како и од неколку европски земји.
 |  инфодеск  | 
Вевчанска ликовна колонија

Од 25 јуни до 10 јули во живописниот амбиент на ресторанот „Виа Игнација“ Вевчани, ќе се одржи единаесеттото издание на Меѓународната ликовна колонија „Вевчански Видувања“.

Оваа година на Колонијата свое учество ќе земат преку 20 афирмирани сликари од Република Македонија, од балканските држави, како и од неколку европски земји.

Истовремено, за првпат од оваа година, како дел од „Вевчански видувања“ се организира и Летна ликовна школа за деца, во чии рамки, под раководство на професорката Лара Ташковска повеќе од 40 млади дечиња и идни уметнички надежи ќе имаат несекојдневна можност да се запознаат со тајните на сликарската уметност.

Свеченото отворање на Колонијата е закажано за 25-ти јуни со почеток од 20 часот.

Во знакот на долгогодишното постоење на Колонијата, на почетокот ќе му биде доделено одличието „Плакета порта“ на академскиот сликар Доне Миљановски, по што ќе следува целовечерен спектакл со музичката икона од поранешните југословенски простори Лепа Брена.

Почнувајќи од 2010-та, секоја година на крајот на месецот јуни, во реномираниот ресторан „Виа Игнација“, во Вевчани се организира Меѓународната ликовна колонија „Вевчански видувања“. На оваа реномирана културно-уметничка манфестација имаат земено учество над 150 еминентни ликовни уметници од државата и од странство.