„Единство во различноста“ низ фотографскиот објектив
Локалната агенција за развој од Струга организира Конкурс на тема „Единство во различноста“ на кој можат да земат учество сите професионални или аматерски фотографи.
„Темата на фото конкурсот има за цел да направи паралели помеѓу обичаите, традицииите и секојдневието во Струга и Струшко, со акцент на етничкиот диверзитет и културната слоевитост на регионот“, вели Ирина Мартиноска – волонтер ЛДА.
На истата тема „Единство во различноста“ сега има нов отворен конкурс. Заинтересираноста на граѓаните за фото конкурстот огромна, на првиот конкурс во Локалната агенција за развој од Струга пристигнале над 100 фотографии, а организаторите на проектот очекуваат сличен одзив и овој пат.
Испратените фотографии ќе бидат промовирани во внатрешноста на нашата држава, преку организирани изложби во различни градови на Македонија. „Ова е извонредна можност за секој фотограф да му биде промовирана кратката биографија и неговите уметнички дела.
Овој конкурс е една од активностите на проектот финасиран од UNDP кој Локалната агенција за развој го работи со невладината организација Еко ВЕЛ од Струга.
Во склоп на проектот беа организирани и други активности, заеднички дебати, а на крајот од овој месец ќе се организира заеднички екокамп во Крушево а кој ќе учествуваат средношколци од Струга.
{loadposition content9}