За една година три вандалски чина
Трет вандалски чин во рекреативниот центар за лица со интелектуална попреченост „Порака Нова“ со кој се одземени преостанатите технички нагледни средства кои ги преживеаја првите два грабежи. Во првиот случај кој се случи минатата година мета на крадците беа инвалидските колички, вториот пат беа одземени технички нагледни средства во вредност од околу осумдесет илјади денари, за со овој последниот им е одземено се што им останало од опремата.
„Срамота е и не знам како луѓето се осудија да крадт од центар за лица со интелектуална попреченост. револтирано вели Анита Гаговска, проектен координатор на „Порака Нова“.
Гагоска вели дека најверојатно крадците насилно влегле навечер, повторно преку еден од прозорците и однеле 3 монитори, еден персонален компјутер, три звучници и една мискета од озвучувањето.
„Децата од центарот веќе се навикнаа на ова што се случува, Најстрашно е што мислат дека ова е сосем нормална работа.“ – Вели Гагоска. Таа потенцира дека апелите до општината за обезбедување на објектот, после првите два грабежи, досега не резултирале со плод.
Просторот каде е сместен дневниот центар, во Струга е познат како собиралиште на наркозависниците, бидејќи во вечерните часови на тој потег нема никакво улично осветлување. Гаговска не е задоволна и од ангажманот на полицијата, зошто претходниот случај сеуште не е решен. Дополнително од Порака пријавиле дека добиле сознание за лице кое нудело техничка роба, и се надеваат дека конечно ќе биде фатен злосторникот, зошто сега се буквално на колена.
{loadposition content9}