Едно лице рането при пукање во Струга
Едно лице е повредено во пукањето од огнено оружје што се случи попладнево во спортска обложувалница во Струга. 53- годишно лице од струшкото село Велешта се здобило со повреди во градниот кош по што е пренесено во Општата болница во Струга, а потоа, поради сериозноста на повредите е префрлено во Ургентен центар во Скопје.
Денес на сред бел ден пукање во Струга. Едно лице е повредено со пукање од огнено оружје во спортската обложувалница „Спортлајф“ . Дел од стружани слушнале за настанот и се згрозени, тие критикуваат дека во едно мало градче како Струга има премногу обложувалници и кладилници.
„Рекла казала, само што кажаа луѓето дека е повредено едно лице но друго што е како е не не интересира толку. Полошо од вакви напади нема ниту пак ќе има и ќе го бараме комунизмот бидејќи демократијата е ваква и полошо ќе носи. Толку казина и обложувалници во еден мал град се отворени не е на арно.
Не слушнав, не знам, дома кажаа но не знам кој е. Вакви настани не вознемируваат и граѓаните не се на раат од овие непожелни моменти“ – велат граѓаните.
Со повреди во градниот кош се здобило лицето А. Н. (53) од Велешта кој што најпрво бил пренесен во струшката болница но поради сериозноста на повредите бил префрлен во Ургентен Центар Скопје. Како што информира портпаролот Стефан Димоски настанот се случил денес во 12 часот и 40 минути во близина на тоалетот од спортската обложувалница која се наоѓа на улицата „Маршал Тито“ во Струга. Додаде дека од засега непознати причини дошло до пукање во ходникот во близина на тоалетот. Тука бил забележан е повредениот А.Н. а веднаш до него и огнено оружје пиштол марка „Берета“ калибар 9 милиметри. Полициската станица од Струга презема мерки за целосно расветлување на сите аспекти на овој настан.
{loadposition content9}