Skip to main content

Едрилици со парче душа

„Кога градителот внесува дел од себе во објектот, тогаш објектот добива душа“, вели Влатко Кавај, кој речиси четириесет години гради едрилици.

 |  Крсте Голабовски  | 
edrilica
едрилица
edrilica„Кога градителот внесува дел од себе во објектот, тогаш објектот добива душа“, вели Влатко Кавај, кој речиси четириесет години гради едрилици.

Кавај и уште неколку ентузијасти ги градат овие пловни објекти користејќи ги најновните технологии. Тајната на креативното творештво ја делат секојдневно меѓусебе.

Креации кои во себе ја носат душата на своите градители. Од неодамна во Струга функционира клубот за самоградба „Сирма“. Станува збор за јахтинг клуб кој функционира паралелно со едриличарскиот клуб „Снегар“. Тука неколку ентузијасти градат едрилици. Влатко Кавај е еден од првите кои почнале да се занимаваат со самоградбата на едрилици во Струга. Тој се сеќава како пред речиси 40 години учествувал во градењето на првите едрилици од класата „Кадет“ кои биле изработени само од шперплоча. Интензитетот на љубовта кон овие објекти и до ден денес кај Кавај останал ист.

И едриличарскиот и ново формираниот јахтинг клуб функционираат како едно. Децата од едриличарскиот клуб од повозрасните ентузијасти, како Влатко Кавај, и Фарук Љушо учат и ги прават првите чекори во тајните на самоградбата. За почеток дозволено им е да работат само со обработка на дрво. Едрилици се градат со корисење на најновата технологија. Досега се изградени 6 пловни објекти од кои 4 се веќе во вода,а на два се работи паралелно. И оваа година од јахтинг клубот ќе започнат со курсеви на кои сите вљубеници во едрењето ќе можат да се запознаат со неговите тајни.

edrilicaЕдриличарството е спорт кој дозволува голема слобода на на движење на вода. Спорт кој дозволува да се потчинат  силите на прородата и да се стават во своја корист. Резултатот кој ќе го добиете е неспоредлив, вели Влатко Кавај. Шеесет години сум во едрењето и димензијата која едерњето како спорт ја нуди е незаменлива, додава тој.

Овие ентузијасти градат едрилици од композитна градба, дрво епокси како и оние најобичните изработени од полиестер. Изработуваат и модифицираат и мотори за овие пловни објекти. Освен тоа вршат и реставрација на постари пловни објекти. Во работата се користат само еколошки материјали и премази .Круна на нивниот заеднички труд и залагање ќе биде „Ди_ДИ 26“, осуметраскиот убавец, кој кога ќе биде завршен во целост ќе чини околу 80.000евра.
{loadposition content9}