Skip to main content

еко-свест

Едукативни прирачници за деца посветени на Вевчанските Извори

Целта на овие прирачници е поврзување на децата со природата уште од најмала возраст преку игри и учење на отворено.
 |  инфодеск  | 

Центарот за истражување и информирање за животната средина – Еко-свест изработи три едукативни прирачници за спроведува активности во природа, посветени на Споменикот на Природата Вевчански Извори. Прирачниците се достапни за бесплатно симнување на веб страната на Еко-свест.

  1. Споменик на Природа Вевчански Извори – Експериментално поле за млади научници -Практичен водич за наставници од повисоки одделенија за спроведување активности во природа
    Линк до публикацијата – https://t.ly/UagC3
  2. Споменик на Природа Вевчански Извори – Игралиште за млади истражувачи – Практичен водич за наставници од пониски одделенија за спроведување активности во природа
    Линк до публикацијата – https://t.ly/TqCAF
  3. Споменик на Природа Вевчански Извори – Природата во очите на децата – Практичен прирачник за воспитувачи во градинки за активности во природа
    Линк до публикацијата – https://t.ly/4iYam

“Eдукативните прирачници опфаќаат три возрасни групи, од предшколска возраст, пониските како и повисоките одделенија во основно училиште. Во себе содржат голем број на практични совети, забавни и едукативни игри. Можат да ги користат наставниците, едукаторите но и самите ученици во своите еко-секции и активности надвор од училиштето” изјави Дарко Ќитаноски, локален проектен координатор на Еко-свест во Вевчани.

“Иако инспирацијата за прирачниците доаѓа примарно од заштитеното подрачје Споменик на природа Вевчански извори, тие може да се користи насекаде. Децата учат преку игра. Ова е факт докажан со толку многу истражувачки трудови, а сепак често се игнорира при развивање образовни програми. Па, со таа цел ги изработивме овие едукативни прирачници за децата да учат преку игра во природа” додаде Наум Илиески, локален координатор на Еко-свест во Вевчани.

Прирачниците се изработени од Еко-свест како дел од проектот “Поддршка на одржливо управување со Споменикот на природа Вевчански Извори” спроведуван од Еко-свест – финансиран од Prespa Ohrid Nature Trust – PONТ. Цел на проектот е да се постигне долгорочна заштита на Споменикот на природата „Вевчански извори“ и просперитет на локалната заедница преку практики за одржливо управување со природните вредности на заштитеното подрачје. Со спроведувањето на овој проект работиме на подигнување на јавната свест преку едукација, подобрување на инфраструктурата за посетители, следење на клучни видови во подрачјето како и привлекување на повеќе посетители во подрачјето, – додаваат од здружението.