Еко-акцијата „Радожда 2023“ покажа каков отпад се крие во езерото
„Извадивме голема количина разновиден цврст отпад од езерото. Продолжуваме и понатаму со нашата мисија за чисти природни убавини и повикуваме на свесност при одлагање на отпадот. “ – порачуваат од нуркачките клубови.
Нуркачите ентузијасти од Клуб за подводни активности ,, Норкач ” Струга , Diving.mk, и Camping SCOUT Struga ги чистеа водите од Охридското Езеро во должина на селото Радожда и ни покажаа каков отпад се крие во неговите длабочини.
„Извадивме голема количина разновиден цврст отпад од езерото. Продолжуваме и понатаму со нашата мисија за чисти природни убавини и повикуваме на свесност при одлагање на отпадот. Да го заштитиме нашето природно богатство и да му го вратиме сјајот на македонскиот бисер!“ – порачуваат од нуркачките клубови.
Еко акцијата беше поддржана од Скопско во рамки на општествено одговорна платформа која се фокусира на животната средина „Наша гордост. Наша одговорност.”