©2008 - Сите права се задржани. Powered by TVM.

  • Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Струга
  • Експерти: Соодветна опрема, а не само теоретска подготвеност на службите за заштита и спасување

Експерти: Соодветна опрема, а не само теоретска подготвеност на службите за заштита и спасување

Професор д-р Шефик Мухиќ од Данската агенција за управување со вонредни ситуации вели дека за соодветно дејствување во вакви ситуации, мора да се анализира ризико профилот на општините и врз основа на тоа да се одреди со каква опрема истите треба да располагаат. 

 |  Мишел Наумоски  | 
poplavi

Локалните капацитети за заштита и спасување освен теоретската и практична подготовка, мора да поседуваат и соодветна опрема за дејствување во случај на некоја катастрофа. Според претставникот на Данската агенција за управување со вонредни ситуации, ДЕМА, проф.д-р Шефик Мухиќ, предвидувањето на можните последици, како и оперативните акции за минимализирање на истите, е еден од најважните процеси во спречувањето на катастрофите или барем сведување на материјалните штети и загубата на човечки живот на најниско можно ниво.

prirodni katastrofi“Тука мора да се пронајде еден баланс, заедно со останатите сегменти кои претходно ги споменав како едукацијата, тренингот, која опрема, кои луѓе, како тие треба да се истренирани, што да носат од опрема, ако некоја несреќа е природна, па поврзала и хемиски и други материи тоа не може туку така да го пуштиме. Тоа се прави на база на таканареченото ризико профилирање каде утврдуваме каков е ризико профилот на општината и на таа основа, на основа на таа слика од ризико профилот ја анализираме потребата од превентивни и оперативни капацитети. Кога велиме оперативни, тоа е се што вклучува, од материјални средства, возила, луѓе, нивна едукација, тренинг, која заштитна опрема треба да ја носат, на кои вежби треба да учествуваат.”-вели проф.д-р Мухиќ.

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, д-р Шабан Салиу, вели дека благодарение на соработката со ДЕМА, способностите и подготвеноста на нашите служби дошле на повисоко ниво.

spasuvanje i zastita oprema“Да им помогнеме на сите чинители, на сите субјекти во системот за заштита и спасување, можност да ги состават во теоретскиот дел, во делот на превентивата, сите потребни документи, што мора одреден орган, организација или локалната самоуправа да ги има, како што се силите за заштита и спасување, процената на локално ниво како планот за заштита и спасување. Ова го правиме и со цел во случај на одредени природни катастрофи, сите овие субјекти успешно да настапат во единствениот систем за заштита и спасување за да може да ги намалат последиците од овие катастрофи.”-рече директорот д-р Салиу.

Инаку десеттиот семинар кој е во организација на Дирекцијата за заштита и спасување на Република Македонија и Данската агенција за управување со вонредни ситуации, се однесува токму на предвидувањето на ризиците и подготвување на плановите на заштита на локално ниво. На него учество зедоа повеќе подрачни единици на Дирекцијата за заштита и спасување, претставници од локални самоуправи, како и претставници од останатите служби кои содејствуваат во целокупниот државен систем за заштита и спасување. Дополнително, на семинарот слушателите ќе имаат можност преку практична работа да ја користат методологијата која за оваа цел во моментов се користи во Кралството Данска.

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© 2008 - Сите права задржани. Поддржано од ТВМ ТелевизијА.
Back to Top