Експресна 51 седница
Струшките советници незаинтересирано ја протуркаа денешната седница. Експресно поминаа сите точки на дневен ред.
општина Струга
Струшките советници незаинтересирано ја протуркаа денешната седница. Експресно поминаа сите точки на дневен ред.
Струшките советници за последен пат заседаваа во овој состав. Незаинтересираност, меѓусебно гласно разговарање и постојано движање низ општинската сала. Ова беше сликата на 51-та седница која беше одржана денес. Речиси и да не се слушаше претседавачот на советот. Секретарот на општина Струга накратко им образложи на присутните зошто е неопходно да се донесе Одлуката за измена и дополнување на одлуката за извршување на буџетот на О. Струга за 2009 година. Според законските одредби, за секоја измена во буџетот, дури и до 1%, неопходно е да се направи ребаланс на истиот.
Ситуацијата се комплицира по воведувањето на новиот начин на исплата на платите. Бидејќи вработените во администрацијата земаа хранарина повисока од оние во државните служерници , со новиот начин на исплата на плати сега нема да биде така. Со тоа, вработените во администрацијата доколку се придржуваат до препораките на Министерството би земале 75,3 денари за бод или нивната плата би се намалила за 1.800 денари.
Какви и колкави ќе бидат платите и на државните работници и на административните службеници, останува да видиме кога ќе ја земат првата плата според концептот бруто плата.Меѓу другото, советниците ги изгласаа и извештајот за работа на Ј.П.Хигиена од село Лабуништа како и предлог програмата за работа на истото. Денешната седница заврши експресно, за 60-тина минути.

{loadposition content9}