ЕВН ги исклучи од струја и струшките основни училишта
Без струја останаа и струшките основни училишта поради неисплатени долгови. Надлежните ветуваат дека долгот ќе го платат, но дека ќе ја преиспитаат соработката со ЕВН. Струшкиот градоначалник Зијадин Села вели дека на повидок е третиот коалиционен партнер на Владата.
ЕВН почна да исклучува и во Струга. Наставниот процес во сите основни училишта се одвива во студени и недоволно осветлени училници, а часовите траат до 15 минути. Проблемот датира од пред неколку години информираше в.д директорот на ОУ „Јосип Броз Тито“, Тони Савески. Наследениот долг по однос на неплатени сметки за електрична енергија на училиштето изнесувал околу еден милион денари.
„Проблемот ескалираше вчера во пладневните часови околу 12 часот бевме исклучени. Од моите сознанија разговарано е и се очекува можеби во текот на денешниот ден проблемот да се реши“ – вели Савески.
Проблемот не е само во Струга, се работи за некоја чудна акција на ЕВН сега во ова време да ги исклучи од струја сите училишта вели првиот човек Зијадин Села. Тој додаде дека направиле барање за плаќање на рати на електричната енергија но тоа не им било дозволено. Од општина Струга ја превземаат обврската да го платат целиот износ од 5 милиони денари, но соработката со ЕВН ќе биде преиспитана, изјави Села.
„По се изгледа ова е настап на третиот коалиционен партнер на Владата, да преземаш вакви мерки во ова време кога се скратува денот и кога електричната енергија е неопходното средство за да функционираат школите, тоа е уцена а уцената е карактеристика на однесување на криминалци“ – изјави Села.
Исклучувањето на струјата во основните училишта ги разгоре и страстите на советниците во струшкиот Совет. Советникот на ДУИ Куштрим Муртиши вели жалосно е тоа што го видел вчера, деца одат на училиште со по две три дрва во рака.
„Не е само Ашим Агуши, најголем долг има ова училиште незнам како настанал одвој долг две години да не се плати или на рати тоа да се изведи, зошто требаше да дојде состојбата до овој степен, на тоа барам образложение а не како ја исклучиле“ -рече Mуртиши.
Социјалдемократите пак реагираа дека во Струга целиот образовен систем е доведен во прашање.
„Наместо власта и надлежните институции да се зафатат со решавање на овие проблеми во интерес на граѓанитге и институциите тие се занимаваат само со личните и партиските интереси. СДСМ бара власта под итно да го реши проблемот и да ја плати струјата во основните училишта во струга и струшки. На тој начин ќе се овозможат основни услови за на некој начин да може да продолжи образовниот процес“ – вели Бранкица Мариноска од СДСМ
Советниците на СДСМ ја напуштија седницата поради тоа што претседателот на струшкиот совет не го ставил нивниот предлог на гласање, кој се однесувал на тоа, решавањето на финансиските проблеми на училиштата да биде дел од ребалансот на буџетот. Претседателот бил поддржан од страна на секторот за финансии на општина Струга.
{loadposition content9}