Европскиот суд за човекови права ќе одлучува за Струшката депонија
Eвропскиот суд за човекови права ќе одлучува за струшката депонија. Ова следува откако домашните судови се прогласија за ненадлежи по поднесената граѓанска тужба во 2021 година, против надлежните институции за негативните последици од депонијата.
Со апликацијата до Европскиот суд се бара да се утврди повреда на правото на пристап до суд и повторување на постапката.
-Доколку судот одлучи дека имало повреда на правото на пристав до суд, во тој случај, вакват одлука од страна на Европскиот Суд за човекови права може да обиде основ за поведување на постапка, односно за повторување на постапката во која што македонските судови се огласија за ненадлежни, вели Глигор Ќато адвикат.
Адвокатите велат судот во Стразбур ќе утврди дали македонските судови ја повредиле Европската конвенција за човекови права, чиј потписник е земјава.
– Државните органи да ги сфатат или подобро да ги имплементираат своите обврски, а сето тоа да резултира на крајот со подобра заштита на човековите права и на крајот на денот и почиста и поздрава животна среда и подобро во конкретниот случај, подобро управување со отпадот во државата, вели Бојан Трпевски од Здружение на млади правници.
Струшката депонија е еден од најгорливите еколошки и здравствени проблеми на стружани. Годишно загадува со над 40 илјади тони смет, а се наоѓа на само 500 метри од првите куќи, во близина на реката Црн Дрим и Охридското Езеро.
Новинар Соња Рилковска