Skip to main content

Фактите на СДСМ

На само два дена пред гласањето за предвремените парламентарни избори, се огласија струшките социјалдемократи. Кандидатот за пратеник на СДСМ Александра Нестороска, зборуваше за актуелните состојби во локалната, додека пак Александар Попоски за имотната состојба на дел од луѓето во Владата.

 |  Билјана Николоска  | 
pres sdsm Struga
прес СДСМ Струга

pres sdsm StrugaФакти со кои треба да се занимава јавното обвинителство. За најновите состојби околу имотната состојба на дел од челните луѓе на ВМРО  – ДПМНЕ, проговори Александар Попоски, претседателот на СДСМ од Струга, на денешниот прес Тој ги наброја сите факти кои според него треба да се упатат до јавното обвинителство.

Попоски изјави оти верува во подршката на стружани, кои според него, во недела ќе стават крај на политиките на Груевски како земјата би ја довеле во нормална насока. За локалната состојба во градот се осврна кандидатот за пратеник на СДСМ од Струга, Александра Нестороска. Таа во својот говор акцент стави на делувањето на Лилјана Затуроска во изминативе 3 години како пратеник на ВМРО – ДПМНЕ во парламентот на Р. Македонија.

Нестороска потенцира дека она што им треба на стружани се конкретни проекти, кои се застапени во програмата на СДСМ за Струга. Таа додава дека мора да мислиме на иднината на нашите деца, а личните интереси да ги ставиме на страна.

На денешниот прес претседателот на СДСМ од Струга, Попоски стави забелешка на новите членови на управниот одбор на реномираната манифестација Струшки вечери на поезијата. Според него во замена на Разме Кумбар доаенот на културата на оваа манифестација во Струга, поставени биле бизнисмени, туристички работници и професори по физика, што според него се сосема неадекватни кадри.

 
{loadposition content9}