©2008 - Сите права се задржани. Powered by TVM.


Вевчани

Финални работи на центарот Коста Србакоски

Започнаа градежните работи за партерно уредување на дворот на мултикултурниот центар “Коста Србакоски” Вевчани.
 |  Голабовски Крсте  | 
финални работи центарот Коста Србакоски

Започнаа финални работи за партерно уредување на дворот на центарот “Коста Србакоски” во Вевчани. Проектот е финансиран преку Центарот за развој на југозападниот плански регион, во рамките на Програмата за рамномерен регионален развој.

Станува збор за еден модерен објект, кој во себе ги задржал архитектонските обележја за да биде споменик на неговите градители, но истовремено има добиено и нова функција, соодветно на новите потреби. Центарот Коста Србакоски е уште една знаменитост во Вевчани, која дополнително ќе ја зајакне и ќе ја унапредикултурната понуда на ова место.

Центарот Коста Србакоские со корисна површина од 1400 м2. Во него се веќе опремени големата конгресна сала, повеќе сали за семинари, музејски простории, просторија со опреми за функционално уредување на мултимедијален туристички центар, како и простории со други придружни, главно спортски содржини.

центарот Коста Србакоски

Коста Србакоски е една од маркантните личности во најновата македонска историја која со своите напредни идеи е главниот автор на најновото поглавје за митот за вевчанската пркос и борбен дух.

Како еден од малкутемина луѓе од периодот на Социјалистичка Македонија, Србакоски започнува да ги предизвикува недемократските карактеристики на тогашниот систем.

Производ на ова борба се Вевчанските настани од 1987 година кога Сојузот на комунистите на Македонија и власта се клекнати на колена, референдумот за независност на Вевчани од 1992 година, стекнувањето на статусот општина на Вевчани во 1996тата, како и останувањето на Вевчани како општина наспроти сите нелогични правила на територијалната поделба од 2004 година.

На објектот на реновираната училишна зграда е поставена и плоча со следниот текст: “Коста Србакоски (16.9.1943 – 26.8.2020), Вевчанец, но пред сé човек – светилник. Заштитник на природата. Идеолошки водач на Вевчанското движење на отпорот и на вевчанскиот сепаратизам од злото и неубавото. Неговата посветеност против сите манифестации на тоталитаризам беше и остана побистра и од најбистрите вевчански води. Посветено на неговата мисија. Вечна слава и сеќавање!“

Именувањето на објектот во „Коста Србакоски“ беше на иницијатива градоначалникот Кочовски, а со одлука на Советот на Општина Вевчани.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© 2008 - Сите права задржани. Поддржано од ТВМ ТелевизијА.
Back to Top