Јавен повик

Финансиски средства за спортски клубови и културни настани во Струга

Право на учество имаат спортски клубови и здруженија на граѓани и фондации регистрирани на територија на Општина Струга, според Законот на здруженија на граѓани и фондации.
 |  инфодеск  | 
Општина Струга

Општина Струга распиша Јавен повик за доделување финансиски средства на спортски клубови, граѓански организации од областа на културата и граѓански организации и фондации.

Целта е зацврстување и унапредување на соработката на Општината со граѓанските организации, спортските клубови и организациите од областа на културата преку воспоставување партнерски релации и да се поттикне решавање на локални проблеми преку поголема вклученост на граѓаните и граѓанските организации.

Право на учество имаат спортски клубови и здруженија на граѓани и фондации регистрирани на територија на Општина Струга, според Законот на здруженија на граѓани и фондации – стои во јавниот повик.

Здруженијата кои имаат добиено финансиски средства минатата година треба да достават финансиски извештај за финансиските средства и активностите извршени во текот на минатата година, заедно со потребните обрасци за аплицирање.

Потребните документи треба да се достават во Општина Струга најдоцна до 24 март годинава.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© 2008 - Сите права задржани. Поддржано од ТВМ ТелевизијА.
Back to Top