Skip to main content

Финишираше проектот за зајакнување на меѓукултурниот дијалог

Со заедничка работа, до зацврстување на меѓуетничкиот и меѓукултурниот дијалог.

 |  Мишел Наумоски  | 
megjukulturen dijalog
меѓукултурен дијалог

Низ забава, игра, организирање работилници, на еден спонтан начин, полека но сигурно меѓуетничкиот дијалог застанува на нозе. Ова барем според резултатите од петмесечниот проект на Локалната агенција за развој од Струга за зајакнување на меѓукултурниот дијалог помеѓу младите. Учениците од средните општински училишта „Д-р Ибраим Темо“ и „Нико Нестор“ од Струга, кои зедоа свое учество во овој проект, не само што слушаа, туку и самите беа ставени во улога да предаваат на своите врсници.

sertifikati dijalog„Стекнавме многу знаења. Сето тоа знаење потоа се потрудивме да го пренесеме на нашите соученици со што се зајакна меѓукултурниот однос во нашите градови.“

„Најважното во оваа работа е да го сфаќаш како забава и да го сакаш тоа што го правиш, а да го правиш тоа со љубов е најважното и ние се обидувавме да го пренесеме тоа кај учениците, главно кај најмладите.“-рекоа дел од учесниците.

Директорот на струшката гимназија, Урим Крека смета дека постои голема разлика во стабилноста на меѓукултурниот дијалог, пред и по завршувањето на овој проект.

„Единствен начин за зближување е со организирање на ваквите проекти, каде што учествуваат учениците од трите националности и само се заедно, а реков и претходно, не само на хартија, туку и во дело тоа го докажаа и мислам дека тоа е еден вистински пат, како треба други да постапуваат и во иднина.“-вели директорот на струшката гимназија, Урим Крека.

Во рамките на овој проект кој го спроведуваше Локалната агенција за развој, учениците, наставниот кадар и сите учесници со бројни активности во насока на промовирање на здрав меѓукултурен дијалог.

ucesnici dijalog„Најпрво беше организирана обука за пиер едукатори, тоа беа четири средношколци што предаваа на различни теми, култура, формално, неформално, информално образование, стереотипи и предрасуди. За овие теми тие поминаа претходно обука и потоа организираа по четири работилници каде што искуството и знаењето кои преходно го стекнаа, го пренесоа на своите соученици. Другиот дел од овој проект беше конкурсот за најдобра ликовна творба, повторно од областа на меѓукултурниот дијалог меѓу младите, конкурираа околу десет средношколци и беа избрани три најдобри цртежи.“-рече Сања Маркоска од Локалната агенција за развој од Струга.

Инаку, последната активност од овој проект беше денешното доделување на сертификатите за сите учесници. Проектот за зајакнување на меѓукултурниот дијалог помеѓу младите траеше пет месеци и се спроведуваше од месец Август, па се до овој месец.

{loadposition content9}