Skip to main content

Фолклорниот фестивал „Пображење“ во Вевчани годинава во знакот на регионалната етнологија

Четвртиот по ред меѓународен фолклорен фестивал годинава ќе измине во знакот на научна трибина на тема „Регионалната етнологија и етничките карактеристики во Македонија во почетокот на 20 век“ и „Нематеријалното културно наследство на Вевчани“.

 |  Мишел Наумоски  | 
festival Vevchani
фестивал Вевчани

festival PobrazenjeНаучната вечер ќе се оддржи утре во Домот на културата во Вевчани со почеток од 20 часот а ќе говорат Доц. д-р Даворин Трпевски од Институтот за етнологија и антропологија при Природно математичкиот факултет- Универзитет Св Кирил и Методиј- Скопје, м-р Ивона Опетческа Татарчевска етнокореолог од Управата за заштита на културното наследство, м-р Велика Стојкова Серафимовска етномузиколог и претседател на Националниот Комитет за Македонија. Инаку годинешново издание на Фестивалот ќе измине без најавените фолклорни содржини и концертот на групата Љубојна. Од КУД  Дримкол- Вевчани велат дека активностите се откажани поради неодамнешната трагедија со двојното убиство. „Меѓународниот фолклорен фестивал ,, Пображење,, оваа година без песна и оро од голема почит кон своите вевчанци, своевремено и играорци. Сочуствувајќи во болката со нивните семејства и згрозени од суровата и жална вистина дека вевчанец уби вевчанец ги откажавме сите настапи на фолклорните ансамбли и музички групи“. велат организаторите. Покровител на Фестивалот ,, Пображење,, е Општина Вевчани и Министерството за култура на Р. Македонија.

{loadposition content9}