Skip to main content

Фотографија, музика, рачни изработки на третиот фестивал за алтернативна култура Дримон

Годинава, неговото трето издание се случува под мотото „На мускули“ што според организаторите е една метафора за финансиските потешкотии со кои се соочуваат при неговото организирање.

 |  Мишел Наумоски  | 
drimon

Изложби, музички, театарски, поетски перформанси, претстави, интересни работилници, танц. Листата е долга, има за секого по нешто. Третиот по ред фестивал Дримон уште еднаш понуди алтернативно културно уживање за стружани и сите посетители. „На мускули“, е годинешното мотото на фестивалот „Дримон“ но тоа не е само мото, туку и тажната реалност со која организаторите на овој исклучителен фестивал се соочуваат од година во година. Велат дека за нив ова е слатка тешкотија, но помошта би била добредојдена. Даваат пари од својот џеб за на мускули да истуркаат уште едно фестивалско издание, велат дека се тврдоглави и дека го тераат замислениот филм, но и дека им е смачено што со години во Струга не можат да видат ниту еден културен настан.

treto izdanie drimon„Единствена институционална поддршка добиваме токму од Домот за култура „Браќа Миладиновци“, тоа е единствената помош која што ја добиваме, искуството со општина оваа година ни беше Кавкианско, буквално излезено како од роман од Кавка, не префрлаат од канцеларија во канцеларија, тотална некоординираност, и тоа е страшно, и ние сеуште се надеваме дека ќе ги добиеме парите кои патем ни се ветени. Министерство за култура, доставивме портфолио од 50 страни до Министерство за култура, бидејќи пред да бидиме Дримон како организатори, работевме 10 години аматерски театар, нешто слично на ова само не во тие размери, но Министерството не најде причина најверојатно да не поддржи.“-вели Ненад Јолдески, дел од организаторите на Дримон фестивалот.

Ненад вели дека наредната година се надеваат дека фестивалот ќе биде проширен со нови идеи, нови луѓе кои ќе ја продолжат идејата за овој алтернативен културен настан. Сепак велат дека не им е јасно како и покрај тоа што цела година нема ниту еден културен настан, во деновите во кои се случува Дримон и нуди голем број на различни настани публиката е малубројна.

instrumenti od staro zelezoСпоред нив, постои публика која би требало да е тука, но сепак не доаѓа. Годинешното издание на Дримон е особено значајно за стружани, бидејќи дел од него е и култниот пост панк бенд Телонаука совршена.

„Тоа е бенд што после 23 години се појавува повторно на сцена, тие се едни од пионерите на пост панк и дарк вејв бранот. Карактеристично за овој бенд е што прв издаде албум на македонски албум по распадот на Југославија. За овој бенд е исто интересно што никогаш не свирел во Струга, а струшки бенд е, а сега ќе имаме можност да го видиме на фестивалот Дримон 3.“-рече Ѓорѓи Крстевски, дел од организаторите на Дримон.

Алтернативноста на Дримон се шири и препознава во секој еден настап, работилница. Дел од овогодинешниот Дримон е и една алтернативна театарска група од Прилеп наречена Театарска работилница која ја одигра претставата „Делириум тременс“ на текстот на Благоја Ристески-Платнар.

mojata torba rabotilnica„Нашава претстава го нема делириумот тременс тоа е само една паралела актерот кој што не е тука и поради кого е откажана вечерашната претстава тој добил делириум тременс, а на сцена го затекнуваме сценскиот работник кој има некоја работа да заврши на сцената па гледа дека публиката е тука, публиката не е информирана дека актерот е отсутен, и тој продолжува да ја раскажува неговата прикаска односно она што му се случило него, па тоа на публиката да и биде претстава, а нему да му биде олеснување, ќе видите една драматична приказна му се случува на нашиот сценски работник и нормално се почнува во театарското бифе, каде што се наоѓаме и сега.“-изјави Игор Трпче-режисер на претставата.

nakit drimonМладата популација како никогаш досега заинтересирана за несекојдневните културни случувања на Дримон. Едно вакво случување беше и работилницата „Реупотреба на текстил-мојата нова торба“ на модната дизајнерка Ирина Тошева.

„Сите дома имаме по некое парче облека кое завршува како крпа или во контејнер и целта на оваа работилница е да дадеме нов живот на тоа старо парче облека, најчесто тоа се фармерките од кои може да се добие нова торбичк. Имаше голем интерес од младите од децата во Струга, ме радува тоа и се надевам дека на крајот ќе имаме одлични производи кои ќе бидат носени.“-вели Тошева.

rabotilnica mojata torbaВо рамките на Дримон, можеше да се видат и промоцијата на книгата „Пулсот и времето“ на Ана Јовковска, а ќе се танцува и на неконвенционални места, ќе се гледаат видео и музичко-поетски перформанси. Двајцата диџеи Томе Кукунеш и Климе Матоски ќе имаат трибјут сетови за култниот струшки кафебар Сабвеј. Љубителите на пишаниот збор можат да си купат некои од омилените дела на Саемот за книга за време на фестивалот. Ако сте за алтернатива, повелете, Дримон ве очекува на летната сцена на Домот на култура „Браќа Миладиновци“ во Струга.