50 години фото-хроничар на Струшките вечери на поезијата
Објективот на фотографот Душко Ѓоргон веќе 50 години е на секој чекор со поетите учесници на оваа манифестација.
Душан Ѓоргон и објективот на неговиот фотоапарат 50 години верни следбеници на СВП. За овој јубилеј синоќа беше отворена изложба, свеовидна фото-ретроспектива на полувековното постоење, работа и развивање на најзначајниот македонски поетски фестивал. Уште на самите почетоци на фестивалот, како млад фотограф Ѓоргон се заинтересирал за собирите на поетите учесници. Овој, во тоа време млад фото-хроничар, ги следел поетите на нивните читања, на нивните состаноци, бил нивна верна сенка. Сега веќе официјален фотограф на фестивалот, Ѓоргон вели дека со објективот на својот апарат постојано ги пратев, некои работи дури и ги дуплирав само за да не ги изгубам, па така и им станав интересен.
„Кога ќе се запознаеа овде, имаше еден драж, едно сакање меѓу нив и едно разменување…. тоа беше едно почитување и другите години кога ќе дојдеа ме бараа со зборовите “фотограф, дојди да не сликаш“. И видов и интерес зошто работата те тера, егзистенција мора да вадиш, но цената беше пристојна и така секоја година јас ги следев по 4 дена од самиот почеток“, се сеќава Ѓоргон.
Од самите почетоци на фестивалот па до денес, Ѓорѓон направил повеќе од 40.000 негативи за учесниците, настаните и публиката од најзначајниот македонски поетски фестивал. Изложените 150-тина фотографии се мал, но со големо внимание одбран дел од богатата фотоархива на авторот. „Поради тоа ми беа потребни неколку месеци да ги прегледам сите негативи, за да одлучам која од илјадниците фотографии кои сум ги фотографирал да ги поставам на изложбата“, вели Ѓоргон. Омилени фотографии не може да издвои. Додава дека не би било фер да издвојува, туку дека сите фотографии на свој начин си имаат своја тежина. За нив едно нешто е заедничко – станува збор за фотографии на прекрасни луѓе, врвни поети од светов, кои секогаш беа добро пречекани во Струга. Сите од лауреатите сакаа да се фотографираат, се сеќава Ѓоргон. Посебно во сеќавање ми остана Десанка Максимовиќ, кон која сите се однесуваа како кон мајка.
Во организацијата и самото поставување на изложбата не бил сам. Горд е на неговите најблиски, од кои и ја добива најголемата подршка.
„Фамилијата ми помогна, синот Никола Ѓорго. Кога беше овде во средна школа во Гимназија, во мојот фотографски дуќан држеше студио, држеше смена, и ќерката друга смена. Значи ги пуштав двајцата да научат, еден занает да имаат“ вели Ѓоргон.
Душан Ѓоргон е роден во Струга, во 1940–та година, во семејство на занаетчии и трговци. На фотографијата и се посветува од својата тринаесетта година, а фотографскиот занает почнува да го изучува кај познатиот струшки мајстор, Старе Попоски. Свето прво фотографско студио го отвора во 1964 година, на брегот на реката Дрим. Ѓоргон вели дека за него оваа изложба е посебно доживување бидејќи се надева дека на некои од досегашните добитници кои ќе присустуваат на годинешното издание на СВП, ќе може да им даде по некоја фотографија, направена во годината кога дошле во Струга и ја освоиле наградата.
{loadposition content9}