Skip to main content

Германски „лифтинг“ на Галичица

Се дотераа излетничките места „Корита“ и „Коритски рид“ со германски пари.

 |  Крсте Голабовски  | 
korita
корита
koritaСе дотераа излетничките места „Корита“ и „Коритски рид“ со германски пари.

Овие две омилени излетнички локации после година и половина добија нова инфраструктурна опрема, а сега се  меѓусебно поврзани и со пешачка патека.

Со германски пари се направи лифтинг на омиленте излетнички места на Галичица. Излетничките места „Корита“ и „Коритски рид“ целосно се уредени, а руинирана инфраструктура е целосно заменета со нова. Директорот на НП „Галичица“ Зоран Ангеловски кажа дека како причина за овој зафат се наметна моменталната состојбата на инфраструктурата и потребата од нејзина замена. Ангелоски додаде дека освен замената на старата инфраструктура изградени се и некои нови содржини.

Ангелоски информира дека за целосна реализација на проектот била потребна повеќе од една година. Во изминатиот период површината од околу 5 хектари целосно е исчистена и е додадена новата инфраструктура.  Станува збор за содржини од природни материјали пред се од камен и дрво. Директорот на паркот очекува новиот лик на ова атрактивно место да ги задоволи потребите на посетителите и значително да придонесе за зголемување на нивниот број.

Инаку станува збор за локации кои се наоѓаат на 1350 метри надморска виосчина на планината Галичица . Нивната единствена местоположба овозможува посетителите во целост да да уживаат во бреговата линија на Охридското езеро.

{loadposition content9}