Глувите лица сепак ќе плаќаат ТВ претплата
Глувите лица извисија од ослободување на ТВ претплата. Од Здружението на глуви лица велат Македoнската радио телевизија на крајот од 2009 година им достави решенија на овие лица за наплата на радиодифузната такса и со тоа не го испочитува Законот за радио дифузија од 2006 година.
мртв
Глувите лица извисија од ослободување на ТВ претплата. Од Здружението на глуви лица велат Македoнската радио телевизија на крајот од 2009 година им достави решенија на овие лица за наплата на радиодифузната такса и со тоа не го испочитува Законот за радио дифузија од 2006 година. Со тоа глувите лица останаа без оваа бенифиција иако Законот се сметаше како голема придобивка, но по 2-3 години таа придобивка е укината. Законот постои, но во пракса не се применува, објаснува секретарот на Здружението, Славица Стефаноска.
Со овој Закон лицата со оштетен слух од над 60 децибели беа ослободени од плаќање на оваа давачка, доколку има еден член во семејството со ваков здравствен проблем. Со доставата на решенијата за наплата глувите лица останаа без оваа бенифиција иако Законот тоа им го дозволува вели Стефаноска.Таа апелира глувите лица да се обратат до нивното Здружение за да ја продолжат борбата во оставрување на нивните права.
Во 2006 година глувите лица поднесле целокупна медицинска документација до Македонската радио телевизија за степенот на оштетување на слухот за да добијат ослободување од плаќање такса. Но, досега од таму не добиле никаков одговор нагласува Стефаноска.
{loadposition content9}