Горна Белица развива рурален туризам. Струшкото село издигнато високо на падините на Јабланица помеѓу боровата шума, денес нема постојани жители, тоа е современа викенд населба, со голем број апартмани, вили и планинарски дом.

Со инвестиција од дијаспората комплетно е обновено поранешното одморалиште во сопственост на црквата, денес првиот хотел.
Селото привлекува туристи со прекрасните видиковци кон Охридското Езеро, кои одземаат здив, мирот, тишината, чистиот воздух и посвежите летни температури.

-Како дете доаѓавме овде на припреми со Караорман Струга. Неограничени се можностите. Првичната идеја и желба беше да го вратиме детскиот џагор во рурална Македонија Горна Белица како што растевме ние, вели Мирче Чуркоски хотелиер.

За привлекување на туристи во зимскиот период ќе се гради ски лифт, жичара и ски стази. Набавена е опрема за чистење и одржување на патот во зимски услови.
– Планинарење, параглајдинг, возење велосипеди и сите тие можности. Набрзо се надеваме спортски игралишта, ски лифт, жичара. Луѓето се повеќе и повеќе бараат мир, спокој и прошетки низ природа, планинарење, додава Чуркоски.

Во селото има локален музеј за влашката популација која живеела во тие простори, четири цркви, една џамија и два археолошки локалитети, се смета дека било попатна станица на Виа Игнација.
Новинар Соња Рилковска