Градежниот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје го прифати барањето поднесено од градоначалникот на Општина Струга, Менди Ќура и ќе упати стручен тим за теренски увид на водоснабдителниот систем.
-Согласно доставениот одговор, Деканот формира стручен тим составен од тројца професори, кои ќе извршат детална проверка на клучните елементи на системот, меѓу кои: изворот Шум, изворите во Горна Белица, влезните комори, резервоарите за водоснабдување, МХЕ локациите и хлорната станица, соопштија од општина Струга.
По извршениот увид, ќе биде изготвен официјален извештај со стручно мислење и конкретни препораки за надминување на состојбата.
Општина Струга пристапува системски и транспарентно кон решавање на проблемот, со вклучување на највисоката академска и стручна институција од областа на водоснабдувањето, се вели во соопштението од локалната самоуправа.