Skip to main content

Од комуналниот инспекторат молк

Градскиот совет не донел одлука за забрана за шетање по бикини, стружани со поделени мислења

Советниците од ВМРО ДПМНЕ велат оваа одлука е самоиницијативна и не е донесена согласно законот за локална самоуправа. Граѓаните со поделени мислења. Комуналниот инспекторат без став, дали ке има казни за непочитување на забраната или само предупредување.
 |  инфодеск  | 
Струга бикини

 Струга забрани шетање во костими за капење низ струшката чаршија. Општината постави информативни табли на повеќе локации  за оваа намена и преку сооопштение ја информираше јавноста – да нема голотија на јавни места.

Струга не е конзервативен, туку туристичка град, велат  советниците од ВМРО ДПМНЕ. Оваа одлука е самоиницијативна и  не е донесена согласно законот за локална самоуправа.

„Во конкретниот случај Советот нема донесено одлука за поставување на тие знаци, ниту пак поставувањето на тие знаци е предвидено во програмата која е изгласана од страна на Советот’, вели Ален Деребан координатор на советничката група на ВМРО ДПМНЕ Струга.

Стружани со поделени мислења, некои сметаат забраната е добра, додека други не се согласуваат.

-Тоа е супер, за поздравување. Не е убаво да се шеташ гол, вели еден стружанец.

-Не треба такви забрани да има, вели едно момче од Струга.

-Кога заминуваш од плажа го гледаш овој знак, не е добро, вели еден странски турист.

-Мислам дека тоа со бикини го имаат добро направено. Да не се шета, вели една иселеничка.

-Ако е забрането ќе дојде контрола и ке ги казнува лугето. Јас мислам не треба така, вели иселеник.

Од комуналниот инспекторат при општина Струга не добивме став.

Знаците за забрането шетање по бикини низ струшката чаршија се поставени на повеќе локации, но засега не знаеме дали оние кои нема да ги почитуваат ќе добиваат казни или само опомена.

Новинар Соња Рилковска