Хепатитисот една од најчестите заразни болести
Под мотото „Ова е хепатитис…запознај се. Спротистави се. Хепатитисот ги напаѓа сите, насекаде“, НВО Хепта, во соработка со Здружението Опција-Охрид и општинскиот Црвен крст, го одбележаа Светскиот ден за борба против хепатитис. Целта е да се подигне свеста кај општата популација за ризиците и последиците кои настануваат од оваа болест.
| Мишел Наумоски | Струга
Според податоците на Светската здравствена организација, приближно 500 милиони луѓе се заразени со хепатитис ц или хепатитис б, оваа бројка е за околу 15 пати поголема од бројот на заразени со ХИВ/СИДА.
„Некаде околу милион луѓе починуваат секоја година од заразната жолтица. Македонија не го одминува тоа. Како што го следиме трендот во сите области, така го следиме и во заразната жолтица. Некаде 1,5 до 2 % од популацијата во Македонија според пресметките на Светската алијанса е инфицирана со вирусот на заразната жолтица, тип Б и Ц.“-вели инфектологот Д-р Розалинда Исијаноска.
Само од тип Ц според официјалните резултати некаде околу двајца на секои 100.000 жители во Македонија се инфицирани, но тоа е бројка која постојано расте. Овогодинешната акција за одбележување на денот за борба против хепатитисот е само продолжение на претходните акции кои со успех беа спроведени. Една од кампањите беше и кампањата под мотото „Дали сум јас бројот 12“, чие мото асоцира на статистиката која вели дека секое дванаесетто лице е заразено со вирусот на Б или Ц хепатитисот. Алармантна и шокирачка е констатацијата дека најголемиот број од пациентите кои се лечат на дијализа, се заразиле со вирусот на хепатитисот. Застрашувачки е и фактот дека хепатитисот е 50 до 100 пати позаразен од вирусот на СИДАТА.
„Некаде околу милион луѓе починуваат секоја година од заразната жолтица. Македонија не го одминува тоа. Како што го следиме трендот во сите области, така го следиме и во заразната жолтица. Некаде 1,5 до 2 % од популацијата во Македонија според пресметките на Светската алијанса е инфицирана со вирусот на заразната жолтица, тип Б и Ц.“-вели инфектологот Д-р Розалинда Исијаноска. Само од тип Ц според официјалните резултати некаде околу двајца на секои 100.000 жители во Македонија се инфицирани, но тоа е бројка која постојано расте. Овогодинешната акција за одбележување на денот за борба против хепатитисот е само продолжение на претходните акции кои со успех беа спроведени. Една од кампањите беше и кампањата под мотото „Дали сум јас бројот 12“, чие мото асоцира на статистиката која вели дека секое дванаесетто лице е заразено со вирусот на Б или Ц хепатитисот. Алармантна и шокирачка е констатацијата дека најголемиот број од пациентите кои се лечат на дијализа, се заразиле со вирусот на хепатитисот. Застрашувачки е и фактот дека хепатитисот е 50 до 100 пати позаразен од вирусот на СИДАТА.