Skip to main content

Херојска мисија на стружанецот Ердал Лушо преку Атлантикот

Ердал Лушо од Струга на адреналинска трка преку Атлантикот.
 |  инфодеск  |  ,

Стружанецот Ердал Лушо, кој 16 месеци ја градел својата едрилица „Пиксел“, веќе трет ден самостојно ја преминува Атлантската Океанска ширина, упатен кон Карибите. Тој се натпреварува со уште седум учесници од различни земји, кои се единствените што од вкупно 18 кандидати успеале да се пласираат во ова екстремно натпреварување. Инаку, во моментов Ердал ја предводи групата едрилици.

Трката трае 40 дена, а натпреварувачите се потпираат исклучиво на ветерот и точната навигација. Според правилата, секој учесник морал сам да ја изработи својата едрилица, без поддршка од индустриски производители.

Воедно, Ердал е првиот Македонец што самостојно се одлучил да го премине Атлантикот со едрилица.

Напредокот на Ердал може да се следи преку линкот, а сите кои сакаат да го помогнат неговиот подвиг може да го направат преку веб страната whydonate.com.