Skip to main content

Хорор верзија на „Ден на дрвото“

Филм кој ќе посакате да го премотате назад…

 |  Крсте Голабовски  | 
drva
дрва
iseceni drvaПродолжува сечењето на повеќегодишните стебла кај пешачката патека од мостот до хотел Парк. Систематското уништување на дрвјата во интерес на урбанизацијата овој пат излезе од контрола. Останува прашањето уште колку дрвја треба да паднат за да се слушне гласот на еколошките друштва од градов?
Пред очите на охриѓани се сечи на големо. Продолжува сечењето на повеќегодишните дрвја на потегот  кај пешачката патека од мостот до хотел Парк. Во интерес на урбанизацијата жртви се стебла на врби и евли стари и по педесет години.
Од Локалната со цврст став. Објаснуваат дека постои уредно решение за направената сеча. Претседателот на Комисијата за сечење на дрва, Раде Вељаноски вели дека причина за сечењето на повеќегодишните дрвја е комуналното уредување на просторот околу патеката, поради потребата од нејзино проширување. За изненадување е што ниту еден од еколошките субјекти во градов воопшто не реагира во врска девастацијата која им се случува пред очи.
{loadposition content9}