ХОТАМ: Со измени во Законот за угостителство до подобри стандарди во туризмот
Здружението на македонски угостители бараат намалување на ДДВ од 18 на 5% за храната во хотелите и рестораните. Тие предлагаат и други мерки што ќе значат финансиско растоварување на хотелско-угостителскиот сектор и индиректен стимул за нови инвестиции и за модернизација на постојните капацитети и изградба на нови. Од ХОТАМ даваат голема поддршка на предлозите на угостителите за измена на Законот за угостителство и сметаат дека тоа треба да се направи час поскоро.
Македонските угостители бараат начинот на кој се пресметува ДДВ на храната да претрпи корекции. Намалување на ДДВ од 18 на 5 проценти за храната хотелите и во рестораните, што би значело стимулации во угостителството и во хотелиерството, неодамна иницираа претставниците на Здружението на угостителството и на туризмот при Стопанската комора на Македонија. Според престедателот на ХОТАМ Крсте Блажевски, измените во Законот за угостителство би придонесле пред се да се подигнат стандардите во туризмот. Според него, доколку сите хотелско ресторански услуги би имале 5% данок, би било многу поедноставно и полесно за работа, што пак од друга страна ќе се отслика во самата порција и услуга која треба да ја добие гостинот.
„Прашувавме за одговори, како треба да биде сето тоа изработено, досега поконкретни одговори немаме добиено освен тоа што е запишано што е се 18 што со 5 %. Значи тоа би ја олеснало работата, разликата на данок што ќе дојде нема да го скрати буџетот, напротив јас мислам дека ќе се зголеми буџетот со самите капацитети нормално очекуваме да имаме раст во следниве години во туризмот“– изјави Блажески.
Во моментов Македонија располага со 25 000 легла што според Блажески се малку за држава која треба да пропагира туризам. Тој смета дека државата треба да остави малку простор односно финансиски да се растеретат хотелско угостителските работници, бидејќи секој бизнис кој се работи со план, за да успее, треба да се согледа каде можат да се зголемат а каде да се намалат трошоците. А во моментов не биле решени горливите проблеми, додава Блажески.
„Новите инвестици следуваат по решавање на земјиштата на самите хотели, посебно тоа важи за постарите хотели што се превземени, до ден денес не се решени. ДУПови во Струга на крајбрежје не постојат и 10 години чекаме да се реши и не се решава. Како да градиме дополнителен хотел, кога 10 години чекаме една проста работа“– вели претседателот на ХОТАМ.
Блажески смета дека некои работи треба да се решаваат од корен па потоа да се работи и да се вложува капитал. Бизнисмените инволвирани во хотелско-угостителскиот сектор работат на изготвување сериозна издржана анализа со податоци и аргументи за измени на Законот за угостителската дејност. За таа цел се формиарани работни групи кои редлог-иницијативите ќе ги достават до надлежните во Министерството за економија и Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот .
{loadposition content9}