Skip to main content

Хотелот Дрим од Струга, го обели образот на Охридско-Струшката ривиера

Рецепт за успех постои. И покрај тоа што повеќе од хотелите во Охрид и Струга беа полупразни, хотелот „Дрим“ од Струга за велигденските празници полн.

 |  Крсте Голабовски  | 
Hotel Drim
Хотел Дрим
Hotel DrimРецепт за успех постои. И покрај тоа што повеќе од хотелите во Охрид и Струга беа полупразни, хотелот Дрим од Струга за велигденските празници полн. Исто така и хотелот Београд во центарот на Струга полн. И во двата хотели најбројни гостите од соседна Грција.

„Претходно на хотелот Дрим му претстоеше едно реноирање, за да на први овој месец ги пречека токму први гостите од Грција, информира шефот на продажба од хотелот, Бакал Љуљзим. Рецептот за успешно работење е едноставен“, додава тој.

Од хотелот додаваат дека веќе во саботата се барало легло повеќе, па биле приморани да одбијат дури гости кои се стални муштери поради пребукираност. Инаку покрај гостите од Грција који биле најбројни изминатиов викенд и само тие оствариле околу 1200 ноќевања, имало и групи туристи од Турција и Србија. Бакал потенцира дека карактеристично е што викендот имало и индивидуални резервации на гости од Црна, Гора Словенија, Косово и Албанија. Од одделението за продажба на хотелот информираат дека цените се исти согласно последната промена која беше на крајот од минатата година, додека нивната понатамошна промена ќе биде диктирана од самите услови на пазарот.

Што се однесува до претстојната сезона, Бакал информира дека работат на проширување на пазарот. Очекуваат дополнителни групи од Грција и другите земји од опкружувањето како и финализирање на договорите со руските туроператори и нивна реализација.

{loadposition content9}